ЕУ предложи одржување на втора министерска средба во Женева посветена на Украина што е можно побрзо, се наведува во заклучната декларација од денешното заседание на Советот на Унијата на ниво на министри за надворешни работи.
Советот дава целосна поддршка за што е можно побрзо одржување на нова женевска средба со цел да се постигне целосно спроведување на заедничката декларација од средбата во Женева на 17 април, се додава во денешната декларација.
Министрите на ЕУ ги повика сите страни да ги исполнат постигнатите договори, а исто така Русија да ја повлече својата војска од границите со Украина.
Претходно, постојаниот претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чижов истакна дека Русија „не гледа смисла во организирањето на таква средба без претставници на украинските региони“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.