| четврток, 6 декември 2018 |

„Ван Хол“ ја отвори новата фабрика, бројот на вработени ќе достигне 600

ван
Белгиската компанија „Ван Хол“ денеска официјално го означи почетокот на работата на вториот капацитет. Премиерот Никола Груевски на официјалното почнување со работа на вториот капацитет на „Ван Хол“ изјави дека инвестицијата на „Ван Хол“ во Македонија е прва надвор од границите на Белгија.

– Оваа инвестиција е од огромно значење за Република Македонија, која инвестираше околу 25 милијарди долари и вработи над 430 граѓани од Македонија. За неполна година оваа бројка ќе расте и ќе достигне до околу 600 вработени – изјави Груевски.

Тој додаде дека досега се произведени вкупно 140 автобуси во компанијата на „Ван Хол“ во Македонија, а околу 70 се во фаза на производство, потенцирајќи дека моментално почнал да се произведува 210. автобус.

Директорот на компанијата, Филип ван Хол, истакна дека во вториот квартал во годината ќе почнат да се произведуваат нови производи, овојпат наменети за европскиот пазар, за разлика од досегашните, кои се извезуваат во Америка.

Новиот капацитет на „Ван Хол“ се простира на површина од 37.000 квадратни метри и претставува втора најголема фабрика во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top