Тепачките во текот на играта се дел од шоуто во американските професионални лиги, особено карактеристични се за хокејот и НХЛ-лигата, но ги има, и тоа легендарни, и во НБА.
И на кошаркарите од највисок ков знае да им зоврие крвта, па меѓусебните недоразбирања со тупаници ги решаваа и легенди како Лери Бирд и Џулиус Ирвинг, попознат како Доктор Џеј, потоа и Шекил О`Нил и Чарлс Баркли, а на врвот е пресметката на Рон Артест сега преименуван во Мета Ворлд Пис со дел од публиката во Детроит. Битка позната како „Malice at the Palace“, веројатно и најголемиот инцидент што се случил во историјата на НБА-лигата.
Лери Бирд (Бостон) против Доктор Џеј (Филаделфија)
Шекил О`Нил (Лос Анџелес лејкерс) со Чарлс Баркли (Хјустон)
Рон Артест (Индијана) со публиката во Детроит
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.