Со тајно гласање, делегатите му изгласаа доверба на актуелниот претседател на СДСМ Зоран Заев. Според неофицијални информации, Бриф дознава дека резултатот е 2:1 во корист на актуелниот лидер.
На Конгресот учество земаа 608 од вкупно 707 делегати на СДСМ.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во своето обраќање, меѓу другото, одговорил на обвинувањата зошто партијата се враќа на политиката на бојкот, која пред една година била напуштена. Тој објаснил дека бојкотот пред една година бил прекинат поради притисок од меѓународната заедница, но најмногу затоа што граѓаните не го поддржале масовно „отпорот“.
Тој побарал доверба од делегатите, со образложение дека само 10 месеци е на чело на партијата, а доверба побарал и за заменик-претседателката Радмила Шекеринска и за другите функционери во партиското раководство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


