| четврток, 6 декември 2018 |

Хејгел: САД не војуваат со Русија

chuck-hagelСАД не се во состојба на војна со Русија, но ја сметаат за противник во контекст на ситуацијата во Украина, изјави во интервју за Еј-Би-Си американскиот министер за одбрана Чак Хејгел.

– Русија продолжува да се изолира заради краткорочна корист. Русите можеби сметаат дека на некаков начин добиваат нешто, но во светот не станува збор за краткорочна перспектива, посочи Хејгел.

Тој уште дополни, дека според сознанијата на САД, руската војска не е повлечена од границата со Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top