ЕУ нема да ги признае резултатите од т.н. референдуми за независност во бастионите на проруските сепаратисти Доњецк и Луганск во источна Украина, изјави портпаролот на високиот претставник на Унијата за надворешна политика Маја Кочијанчич.
– Така наречените референдуми се незаконски и ние нема да ги признаеме резултатите, изјави портпаролот на Катрин Ештон.
– Оние, кои ги организираат референдумите, немаат демократска легитимност и организацијата на такви референдуми противречи на целите на заедничката декларација од Женева за намалување на тензиите, појасни портпаролката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


