Потпретседателот на руската Влада Дмитриј Рогозин, кој воедно е и претставник на рускиот претседател Владимир Путин за Придоњестровје, изјави денеска дека успеал да ја донесе во Москва петицијата со која од Русија се бара да ја признае молдавската област Придоњестровје.
Молдавските власти претходно се обиделе тој материјал да го конфискуваат.
Рогозин беше во посета на Придоњестровје, каде на 9 мај учествуваше на одбележувањето на Денот на победата. Пред полетувањето, молдавските безбедносни служби го претресоа авионот на рускиот министер за аеродромот во Кишињев и запленија повеќе кутии со потписи, со кои се бара припојување на таа област кон Русија.
Молдавското МНР претходно соопшти дека доцна синоќа, властите на Рогозин му ги одзеле кутиите со потписите и оти го анализираат материјалот.
Откако во саботата му беше одбиен прелет преку романскиот воздушен простор, за враќањето кон Москва, Рогозин изјави дека следниот пат ќе патува со веониот бомбардер ТУ-160. Романија изрази протест поради тој коментар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


