| четврток, 6 декември 2018 |

МАНУ и БАН заедно ги чествуваа св. Кирил и Методиј

Kiril-i-Metodij-spomenik-320Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Бугарската академија на науките (БАН) денеска во Софија заеднички го чествуваа Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј.

Претседателот на МАНУ академик Владо Камбовски, кој ја предводеше македонската делегација и претседателот на Бугарската академија на науките (БАН) академик Стефан Воденичаров положија венци свежо цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Софија.

Во црквата Св. Александар Невски во Софија беше одржана свечена литургија. На чествувањето присуствуваше и делегација на Македонската православна црква, предводена од архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

На настанот што по повод чествувањето се одржа во БАН, академикот Камбовски се заблагодарил за гостопримството и посочил дека науката и културата се универзална формула за зближување на народите, една отворена врата и оти државните граници не се никаква пречка за тоа.

Воденичаров, како што пренесуваат бугарските медиуми, изјавил дека ваквото одбележување на празникот е знак на споделување на нашите заеднички духовни вредности.

Во фоајето на БАН беше отворена изложба насловена „Во почетокот беше Словото“, која Кирило-Методиевскиот научен центар ја организираше со поддршка на Националниот археолошки институт со музеј, Научниот архив на БАН и Националниот историски музеј.

Во рамките на посетата бил потпишан и анекс на Договорот меѓу МАНУ и БАН, потпишан во 1999 година за заеднички активности на 30 проекти, што треба да се реализираат за три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top