| четврток, 6 декември 2018 |

Украина: Обесен полициски началник

ukraina protestiНачалникот на милицијата на Мариупољ Валериј Андрушчук е пронајден обесен на дрво, близу локалното летувалиште, соопшти раководителот на Народниот фронт во Луганската област Алексеј Чмиленко, дополнувајќи дека тоа е најверојатно дело на гневни жители на градот.

Тој потсети дека на 9 мај Андрушчук стрелал со пиштол кон мирните жители на Мариупољ, собрани на митинг заради Денот на победата. – Се разбира, може да се претпостави и дека Андрушчук не го издржал моралниот притисок и сам се обесил, дополни Чмиленко, пренесува БТА од агенцијата Интерфакс.

Единственото интернет издание „Остров“, цитирајќи извор од Министерството за внатрешни работи соопшти дека Андрушчук бил пронајден обесен на 10 мај. – Да, вистина е, станува збор за насилна смрт, изјавил изворот за интернет изданието.

Засега нема потврда од друг извор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top