Излезноста на референдумот во Луганск, според последните податоци кои се пренесуваат изнесува над 75 отсто. Проблеми при гласањето имало во регионите каде армијата го попречува изјаснувањето на референдумот, и тоа во селата Сватово, Меловое, Белокуракино и Троицкое. Изборните места ќе бидат отворени до 22 часот по локално време, а првите резултати ќе бидат соопштени во текот на ноќта.
Киевските власти можат „во еден момент да одлучат да ги сведат на минимум врските “ со Русија, изјави денеска Сергеј Пашински, шеф на администрацијата на украинскиот претседател, пренесува БТА. Според него, ситуацијата е многу тензична. На прашањето дали е можно Украина да воведе визи за Русите тој рече дека ништо не е исклучено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.