Моѓеби најдобриот кошаркар во НБА-лигата во моментов, Леброн Џејмс, на Oл-стар викенд во Хјустон ги изненади присутните новинари кога на прашањето „кого смета за најдобар интернационалец што некогаш заиграл во најсилната лига на светот“ одговорил со – Дражен Петровиќ.
Леброн Џејмс прво кажал Дирк Новицки е најдобар странец на сите времиња но брзо потоа го сменил одговорот во името на најдобриот хрватски и југословенски кошаркар на сите времиња. Зачуденоста на новинарите дошла од фактот што Леброн имал само девет години кога Дражен трагично почина во 1993 година.
„Беше голем стрелец, можеше да трча и не се плашеше да шутира. Не се плашеше од ништо“, изјавил Џејмс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


