| четврток, 6 декември 2018 |

Изгоре викендичка на Попова Шапка

Pozar kaj josip broz 12 (Custom)

фото: Архива на Република

Викендичката на Попова Шапка, сопственост на Е.А. (49) од Тетово, во саботата во попладневните часови ја зафатил силен пожар, во кој била целосно изгорена. Првичните проценки, сспоред Утрински весник, кој ја објави веста, се дека причинета е материјална штета од 900.000 денари. Среќна околност е што нема последици по луѓе.

Пожарот се појавил во дневната соба, од каде се пренел и на останатите делови. Изгорена е сета покуќнина и поголем дел од покривот. Со интервенција на пожарникарите, огнот бил локализиран некаде околу 18 часот.

Тетовската полиција изврши увид на лице место. Се претпоставува дека причина за пожарот било оставено ќебе на грејно тело. Истрагата ги утврдува сите детали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top