| четврток, 6 декември 2018 |

Се степале татко и син и двајцата завршиле во болница

noz2

Во куќата на 74-годишниот Т.С. од Берово вчера дошло до расправија меѓу него и неговиот син П.С. (50). Од полицијата информираат дека за време на расправијата таткото земал кујнски нож со кој замавнал кон синот, нанесувајќи му повреди на главата, рацете и градите.

Со цел да се одбрани синот П.С. го удрил таткото во главата нанесувајќи повреди. Таткото е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, а синот по укажаната лекарска помош во здравствениот дом во Берово е пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top