
На 15 мај, Македонската филхармонија ќе настапи заедно со еден од најдобрите машки фадо-вокалисти во светот – популарниот португалски пејач Камане. Концертот ќе се одржи во Универзалната сала со почеток во 20 часот.
Со оркестарот на Македонската филхармонија ќе диригира Борјан Цанев, а концертот со наслов „Најдоброто од 1995-2013“, всушност, е пресек на најдобрите и најпопуларни композиции на овој неприкосновен вокален уметник кој во Скопје доаѓа со неговиот тричлен бенд.
Камане, предводник на новата генерација фадо-вокалисти, медиумите низ светот го опишуваат како најголемиот фадо-пејач на нашето време.
Билетите се во продажба на билетарницата на Македонската филхармонија во Дом на АРМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


