| четврток, 6 декември 2018 |

Бегајќи од сопругата направил сообраќајка и во болница дошол со 40 илјади евра во тегла!

пари во тегла

Жител на штипското село Крупиште завршил во болница, откако направил сообраќајка бегајќи од сопругата, но на лекување дошол и со целата заштеда која ја чувал во тегла, јави штипската телевизија „Стар“.

Тој од теглата не се одвоил ниту еден момент. Крупиштанецот завршил во болница откако избегал од сопругата заедно со парите заштедени со години и заработени од продажба на ориз и овци, но не стигнал далеку со неговото возило и се превртел на патот Крупиште – Штип.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top