| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска од Струга до Охрид ќе се игра орото за Гинис

oro za ginis

Денеска на потегот од „Мостот на поезијата“ во Струга до месноста „Горица“ во Охрид,  на површина од 18.400 метри, ќе бидат рапосредени 18 000 играорци кои ќе се фатат на оро во обид да постават нов Гинисов рекорд во оваа категорија.

Како што информираа од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, покрај месното население и членови на Културно уметничките друштва од земјава, дел од орото ќе бидат и странските гости кои престојуваат на охридско струшката ривиера.

Инаку проектот „Македонија за Гинис – Најголемото македонско оро“ е во организација на НУ „Танец“ и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, а во иситиот активно се вклучени и локалната самоуправа, како Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top