Грчките власти денеска го евакуираа Музејот на Акропол во Атина откако добија дојава за подметната бомба, но се утврди дека дојавата била лажна, соопшти полицијата.
Во соопштението од полицијата се наведува дека непознат маж се јавил во редакцијата на еден грчки дневен весник и пријавил дека во музејот има бомба која ќе експлодира за 40 минути.
По дојавата во музејот пристигнале експерти за деактивизација на експлозивни направи. По истекот на рокот утврдено е дека дојавата била лажна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.