Манекенката Адријана Лима, дефинитивно, го преболи својот бивш сопруг, српскиот кошаркар Марко Јариќ, и веќе два месеца ужива во врската со познатиот светски диџеј Седрик Џервејз, Французин што живее во Мајами.
Лима уште пред неколку месеци решила да се разведе од Јариќ поради, како тврдат упатените, неговите бројни неверства. Таа тогаш влегла во врска со музичарот, со кој се запознала во познатата вежбалница Петта улица, каде што заедно тренирале.
Адријана редовно оди на бокс, а и Седрик исто така, за кого многумина велат дека потсетува на Јариќ, и двајцата често се среќавале во теретаната. Кога кон крајот на февруари дефинитивно решила да го остави Марко, Лима ѝ се препуштила на новата љубов. Во март била на музичкиот фестивал „Ултра“ во Мајами, на кој настапувало нејзиното момче, а на 21 април на „Твитер“ ги ставила зборовите од неговата песна Summertime sadness, која ја има направено со Лана дел Реј.
Доброупатените извори велат дека двојката ја крие врската не поради тоа што не се сигурни во своите чувства, туку за да слегне правта околу разводот на Лима и Јариќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.