
Неа на влезот на Битола ја поставил Иван Владислав, внукот на Цар Самоил, во времето кога ја обновил битолската тврдина, информира дописникот на Канал 5 од Битола.
Со оглед на тоа што во 2016-та година се навршува точно 1.000 години од постоењето на овој доказ за името Битола, група битолски историчари предлагаат јубилејот соодветно да биде одбележан.
– Таму е втиснат текст во кој стои за прв пат името во форма што ја има денес. И пред тоа Битола се споменувала како Бутелион, Бутели и така натаму. Но, во форма денешна, Битола со меко л, за прв пат е споменато – вели проф.др.Александар Стерјевски, историчар.
Плочата е пронајдена во 1956 година при уривањето на Ески џамија. Историчарите велат дека се работи за кирилски споменик од извонредно значење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


