Триесет и шестгодишната Русинка Мила Аксакова стана херој откако по избувнување на пожар во зградата во која живеела, ги фрла своите деца низ прозорец од четврти кат, кои биле пречекани во раширено платно од соседите. Таа ги спасила ќерките Вања (4) и Наталија (13), за кои постоело опасност да се загушат од густиот чад кој се ширел на нивниот кат.
Спасувањето завршило успешно, но таа одбила да скокне плашејќи се дека нема да издржи платното. Мила била спасена од пожарникарите кои стигнале брзо на местото на пожарот.
– Пожарот избил во приземјето во кое живееше жена во количка. Станарите го забележале чадот доцна и не можеле да се симнат по скалите. Единствен излез беше да скокнат низ прозорците – изјавил раководителот на противпожарната служба, Дамијан Булгаков (43).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



