Оклахома на домашен терен дојде до 1-1 по победата над Лос Анџелес Клиперс со резултат 112-101.
Тандер до триумфот беше предводен од тандемот Расел Вестбрук-Кевин Дурант, кој постигна 63 поени. Вестбрук постигна 31 поен, 10 скока и исто толку асистенции, додека Дурант постигна 32 поени, 12 скока и 9 асистенции.
Кај Клиперс најефикасен беше Крис Пол со 17 поени и 11 асистенции.
Во еден момент во салата снема струја, па натпреварот беше одигран со минимално осветлување.
Индијана се намачи да дојде до победа против Вашингтон со резултат 86-82. Двете екипи се менуваа со водството, а Пејсерс успеа да дојде до предност и да слави.
Рој Хиберт го заврши натпреварот со 28 поени, Џорџ Хил уфрли 14, а 11 поени постигна Пол Џорџ. Кај Визардс, Марсин Гортат беше најефикасен со 21 поен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.