Фудбалерите на ПСЖ ја одбранија шампионската титула во Франција и покрај поразот од Рен со резултат 1-2 бидејќи нивниот ривал Монако ремизираше со Гингам 1-1.
ПСЖ по овој пораз остана на 83 бода, но благодарение на Монако кој одигра нерешено со Гингам ја освои титулата оваа сезона.
Монако на домашен терен поведе со голот на Бербатов во 77. минута, но Атик во 85. минута успеа да израмни и со тоа да го постави конечниот резултат.
Од друга страна, се случи изненадување на „Паркот на принцовите“, ПСЖ беше поразен од Рен иако водеше со 1-0 со голот на Лавеци од третата минута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.