| четврток, 6 декември 2018 |

Лавров се сомнева во легитимноста на претседателските избори во Украина

Русија смета дека не е оправдана одлуката на официјален Киев за организирање на претседателски избори во Украина во услови на ескалација на насилството во земјата. Оваа изјава на 6 мај ја даде министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, за време на прес-конференцијата во Виена, пренесува „Интерфакс“.

Прес-конференцијата беше одржана после заседанието на Комитетот на министрите на Советот на Европа. Лавров изјави дека првиот чекор кон деескалирање на конфликтот мора да биде наредбата за прекин на употребата на единиците на републичките Вооружени сили и Националната гарда за гушење на протестите на истокот на земјата.

Министерот истана дека Москва е подготвена да помогне во организацијата на дијалогот меѓу властите во Киев и регионите на Украина. Лавров, исто така, ги повика САД и ЕУ да се приклучат во процесот и да не ги користат „постојните несогласувања за остварување на својата еднострана агенда, сопствените еднострани интереси, заборавајќи на интересите на целиот украински народ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top