| четврток, 6 декември 2018 |

Неутрални тонови доминираат во летната колекција на Манго

mango 1

Летната колекција на шпанскиот моден бренд „Манго“ како и секогаш нуди парчиња облека во која модерната жена се чувствува пред сè удобно, но и атрактивно и заводливо.

mango 2

Моделите сезонава имаат лежерен крој, а повеќето од нив се направени од лесни, провидни материјали. Неутралните и земјените тонови доминираат, па така застапени се белата, кафената и портокаловата боја во комбинација со меки линии и етно елементи. Од друга страна, присутни се и тропските принтови, везовите и индиго сината боја, кои ѝ додаваат сосема поинаков дух на колекцијата.

mango 3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top