Музичката група формирана од неколку познати македонски новинари вчера го промовираше нивниот прв албум „Солидарност за слобода“.
„Рипортерс“, поточно, Петрит Сарачини-вокал, Борјан Јовановски -тапани, Миле Бошњаковски – бас гитара, Стојан Трпчевски – вокал и клавијатури, Жарко Димитриоски – соло гитара и Драган Антоновски – ритам-гитара, вчера во „Клуб на новинари“ ги отсвирија нивните веќе познати „Слобода“ и „Пушти глас“, а ги промовираа и останатите нови песни од албумот.
Како гостин на песната „Пушти глас“, тапаните ги свири и новинарот на „Телма“ Панта Џамбазовски, инаку првиот тапанар на „Архангел“. Продуцент на албумот е Трајко Симоновски- Таци.
Средствата од продажбата на албумот се наменети за солидарниот фонд на ССНМ, од кој досега финансиски беа помогнати медиумски работници и новинари . Проектот е поддржан од Амбасада на САД во соработка со ССНМ и ЗНМ.
Фото: Идивиди
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Еве кои македонски маркетинг агенции добија признанија на „BalCannes“ и „SoMo Borac“
-
Промоција на новиот албум на ФИН Проект „Re:vision“
-
Утревечер промоција на третиот по ред албум на скопскиот музичар Пиколомини
-
Осумгодишно момче ги црта Панини сликичките од Светско, бидејќи нема пари да го собира албумот