| четврток, 6 декември 2018 |

Со шишиња, тули и тупаници по брачен пар од Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.В.(45) и К.В.(24), двајцата од Битола за сторено кривично дело насилство.

На 4 мај, во 23:30 часот, во Битола на ул. „Караорман“, пријавените со фрлање на стаклени шишиња, камења и тули ги скршиле прозорците и вратите од куќата на Р.С.(45), а потоа физички ги нападнале Р.С. и неговата сопруга С.С. нанесувајќи им телесни повреди по главата и телото.

Од страна на судија на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од по осум дена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top