| четврток, 6 декември 2018 |

Линдзи Лохан одбила понуда од 200.000 долари за промоција на енергетски пијалак

lindsay_lohan_redbull_cocaine

Познатата актерка Линдзи Лохан ја одбила понудата за 200.000 долари да промовира енергетски пијалак изработен на база на гинсенг. Понудата ја добила на една забава во Дубаи, каде што на производителите им побарала половина милион долари.

Актерката, која неодамна банкротираше и која во моментов живее кај пријатели во еден стан во Њујорк, очигледно нема претерано чувство за реалност, бидејќи и покрај лошата финансиска состојба во која се наоѓа, одбила 200.000 долари.

Компанијата, која на актерката и ја понудила оваа сума за промоција исто така имала намера да и ги плати сите трошоци за пат и сместување, но сега размислуваат дали воопшто повторно да и го понудат договорот, со оглед на нејзиното криминално минато и дебелото полициско досие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top