| четврток, 6 декември 2018 |

Компании од Холандија се запознаа со условите за инвестирање во Македонија

visar-fida
Холандски компании од областа на хортикултурата, семенарството и автомобилизмот во Хаг се запознаа со можностите за инвестирање во Македонија.
Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоциија на извозот, Висар Фида оствари средби со холандски компании од Ротердам и Ајндховен.
Како што информираат од Агенцијата, директорот Фида во Хаг оствари средба со висок претставник од Холандската агенција за странски инвестиции на која станало збор за потенцијална идна соработка помеѓу двете агенции.
На средбата се разгледани можностите за реализирање заеднички проекти помеѓу двете агенции, како и можностите за пренесување на дел од практиките што Холандската агенција за странски инвестиции ги користи во своето досегашно 35-годишно работно искуство, во кое има поддржано илјадници компании од целиот свет кои веќе имаат основано свои бизниси во Холандија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top