| четврток, 6 декември 2018 |

Денот на Воената полиција ќе се одбележи во касарната „Илинден“

7 maj den na voena policija (6)

Во касарната „Илинден“ во Скопје, денеска ќе се одржи свеченост по повод 7-ми мај денот на баталјонот на Воена полиција (бВП) и денот на полицијата и безбедноста.

На свеченоста, како што е најавено, ќе присуствуваат заменик-началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски, командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК) генерал-мајор Методија Величковски и други високи гости од МО и ГШ на АРМ.

Баталјонот на воена полиција е формиран со Указ на Претседателот на Република Македонија на 15 април 1992 година и поголемиот период функционираше како самостојна единица на ГШ на АРМ.

Денот на полицијата и безбедноста, ќе го одбележат и припадниците на службата на военото разузнување и безбедност, кои се наоѓаат во секциите Ј-2 и С-2 во структурата на командите и штабовите на АРМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top