Во касарната „Илинден“ во Скопје, денеска ќе се одржи свеченост по повод 7-ми мај денот на баталјонот на Воена полиција (бВП) и денот на полицијата и безбедноста.
На свеченоста, како што е најавено, ќе присуствуваат заменик-началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски, командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК) генерал-мајор Методија Величковски и други високи гости од МО и ГШ на АРМ.
Баталјонот на воена полиција е формиран со Указ на Претседателот на Република Македонија на 15 април 1992 година и поголемиот период функционираше како самостојна единица на ГШ на АРМ.
Денот на полицијата и безбедноста, ќе го одбележат и припадниците на службата на военото разузнување и безбедност, кои се наоѓаат во секциите Ј-2 и С-2 во структурата на командите и штабовите на АРМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст