Кредит повеќе барале и граѓаните и фирмите, а посебно малите и средни претпријатија. За наредниот период, според анкетата, банките очекуваат, раст на побарувачката на кредити, но за корпоративниот сектот со најслаб интензитето од 2009 та година.
Речиси сите банки изјавиле дека промените на монетарната политика немале или само малку влијаеле врз работењето на банките.
Ризикот од очекувањата за вкупната економска активност, перспективата на гранката на која и припаѓа фирмата и обезбедувањето, односно хипотеката се главните ризици за конзервативното однесување на банките.
Притисокот од конкуренцијата имала мало влијание за олеснување на условите за одобрување кредити за граѓаните, посебно кај потрошувачките и станбените.
За наредните три месеци банките очекуваат позитивни промени. Речиси сите банки одговориле дека побарувачката на кредити ќе биде двојно поголема – посебно на станбените и потрошувачките
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.