| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на Украина потпиша указ за делумна мобилизација

турцинов

Претседателот на Украина Олександар Турчинов потпиша указ за отпочнување на делумна мобилизација.

Според соопштението објавено на интернет-страницата на Турчинов мобилизацијата ќе се спроведе во рок од 45 денови по стапувањето во сила на указот.

– Мобилизацијата ќе се спроведе на територијата на сите административно-територијални единици во Украина – се наведува во соопштението.

Претходно беше соопштено дека Украина ќе организира доброволна воена служба поради тензиите во југоисточните делови на земјата. Мобилизацијата ќе важи за сите мажи на возраст од 18 до 25 години кои немаат право на ослободување од воената служба

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top