| четврток, 6 декември 2018 |

Воз прегази малолетничка – докторите се борат за нејзиниот живот

pruga2

 На железничката станица во Лесковец денеска во 10 часот се случила несреќа кога воз прегазил 16-годишно девојче кое во моментот ја преминувало пругата.

Девојчето, чиј идентитет е непознат, веднаш било пренесено во болница со фрактура на черепот, а лекарите се борат за нејзиниот живот.  Девојчето било удрено од возот кој сообраќал на релацијата кон Ниш додека ја преминувало пругата.

Полицијата врши увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top