Поранешниот кошаркар Карл Мелоун уловил мечка користејќи само лак и стрела.
Тој бил на лов со неговиот син Карл Мелоун Јуниор, кој го фотографирал заедно со мечката и сликата ја објавил на „Инстаграм“.
Мелоун 18 години беше член на Јута и за тоа време 14 пати настапи на Олстар, 11 пати беше во идеалната петорка во лигата, двапати беше МВП и сѐ уште е вториот најдобар стрелец во историјата на НБА со 36.928 поени. Сепак, никогаш не успеа да освои шампионски прстен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.