Шефот на украинската дипломатија, Андеј Дешчица, изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот колега Сергеј Лавров.
– Ние сме подготвени во секое време да се сретнеме со нашите руски колеги, ако тоа е потребно – изјави Дешчица по повод утрешниот министерски состанок на Советот на Европа во Виена.
Тој посочи дека евентуалната средба би се случила на маргините на министерскиот состанок.
Дешчица истакна дека е потребно да се разговара пред сѐ за земјоделството и за снабдувањето со гас, но најмногу за „руската интервенција во украинските внатрешни работи и руската агресија на украинска територија“.
– Сакаме со Русија да разјасниме кој став го имаат во врска со Украина – наведе украинскиот министер за надворешни работи.
На утрешниот состанок на Советот на Европа, на кој ќе учествуваат 30 шефови на дипломатијата, Дешчица очекува поддршка за стабилизацијата и демократскиот развој на Украина, како и заштита на човековите права.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


