Посредникот во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц, свика нова рунда разговори за денеска во Њујорк. Според соопштението на Обединетите нации, двајцата посредници во разговорите, амбасадорот Зоран Јолевски и грчкиот дипломат Адамантиос Василакис, ја прифатиле поканата.
Според утврдениот формат, Нимиц првин ќе се сретне одделно со двајцата посредници, а потоа и на заедничка средба во седиштето на Обединетите нации.
Оваа средба, која доаѓа пред европските и локалните избори во Грција, беше најавена по претходните разговори во Њујорк на 26 март. Нимиц тогаш најави и посета на Македонија и Грција откако во двете земји ќе завршат изборните циклуси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нимиц: Фокусот ставете го на оние кои гласаа „за“
-
Жена со нож нападна деца во градинка во Њујорк
-
Мора да бидеме примени со уставното име – рече, па се порече Фрчковски (ВИДЕО)
-
Владимир Десков, Ана Ивановска Дескова и Јован Ивановски куратори од Македонија за изложбата „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“ во Њујорк


