| четврток, 6 декември 2018 |

Со „Алиталија“ од денеска до Рим

авионНа скопскиот аеродромот „Александар Велики“ се очекува првиот авион од новата редовна линија Скопје – Рим на „Алиталија“. Традиционално, како и за сите нови линии, авионот ќе биде дочекан со мала свеченост и со воден мост. Цената на билет од Скопје до Рим е 99 евра, додека најскапиот билет од понудата на „Алиталија“ до другите дестинации во Европа е 199 евра.

На охридскиот аеродромот „Св. Апостол Павле“, пак, се очекува пристигнување на првиот од четирите чартери од Австрија до Охрид.

Летот ќе го реализира австриската компанија „Флај Ники“. Според статистиката, Македонија во февруари годинава ја посетиле 248 туристи од Австрија, што е 1,5 процент од вкупниот брј странски туристи. Ланското лето во Македонија престојувале повеќе од 4.600 австриски туристи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top