| четврток, 6 декември 2018 |

Објавени се прашањата од екстерното тестирање

Државниот испитен центар вечерва ги објави прашањата кои ќе бидат на екстерното тестирање, кое ќе се одржи од 2 до 10 јуни, со кое ќе се проверуваат постигнувањата на учениците и објективноста при оценувањето на наставниците. Оваа фаза од процесот на екстерното тестирање ќе опфати вкупно 189.037 ученици од четврто одделение до трета година средно, како и 18.126 наставници во вкупно 680 основни и средни училишта.

Објавени се вкупно 425.800 прашања на македонски, албански, турски и српски јазик по 5.141 предмет од сите насоки.

Линк до прашањата 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top