Седумнаесетгодишна малолетничка од Кавадарци пред три дена пријавила дека била силувана од 19-годишно момче од селото Ваташа, во неговиот дом.
Според полициските извештаи, силувањето девојката го пријавила заедно со нејзината мајка. Лицето кое е посочено како сторител на делото е лишено од слобода.
Во разговор со надлежните служби, девојката тврдела дека била силувана, додека момчето негирало велејќи дека таа доброволно имала однос со него и дека веќе извесно време биле во љубовна врска.
По медицинските прегледи било утврдено дека кај девојката нема никакви траги од насилство, пренесува „Курир„. Полицијата работи на расчистувањ на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.