Непознат маскиран маж денеска ограби банка во Белград, објави електронското издание на весникот „Блиц“.
Маскираниот маж со пиштол им се заканил на вработените на Уникредит банка, по што тие му предале два милиони динари (17.300 евра), 23.000 евра и 2.000 долари (1.440 евра).
Иако претходно кажал дека ги држи службениците како заложници бидејќи ја алармирале полицијата, мажот пред да пристигне полицијата избегал во непознат правец.
Српски „Блиц“ пишува дека крадецот со фантомка на главата и вооружен, дошол и избегал со велосипед. Во тек е потрага по него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.