
„Атомски од десно“, филмот на генијалниот српски режисер Срѓан Драгојевиќ, ќе ја има скопската премиера в сабота, на 10 мај, во 20 часот во скопското кино „Милениум“.
На премиерата гости во Скопје ќе бидат продуцентката на филмот Билјана Првановиќ, дел од актерската екипа и, секако, мајсторот на филмската уметност, култниот Срѓан Драгојевиќ во чија биографија стојат филмски наслови како „Ние не сме ангели“, „Рани“, „Убавите села, убаво горат“…
Билетите за филмските проекции на филмот ќе може да се купуваат уште од утре, 6 мај, на билетарницата на кино „Милениум“.
Драгојевиќ во „Атомски од десно“ на големото платно ни пласира уште една продукција која на сатиричен начин го опишува функционирањето на народите од ексјугословенските простори во поствоениот период.
Битката по пари и подобрување на економската состојба ги води главните ликови Младен, Соња, Метод, Педро и останатите на хрватското крајбрежје, каде што сите се инволвирани во бизнисот со издавање апартмани на принципот „тајм-шер“… Ситуацијата се компликува кога „во игра“ ќе влезе Омер, човек со тежок карактер и ветеран од војната во Босна, а дејството доживува кулминација кога неговиот 3-годишен син ќе падне од терасата на хотелот и завршува во болница.
„Атомски од десно“ е балканска комична приказна за обичните луѓе со големи соништа, за луѓето чии желби и апетити се поголеми од нивните реални можности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


