Привременото раководство на Националната демократска преродба (НДП) донело одлука да го врати пратеничкиот мандат кој го освои на парламентарните избори во шестата изборна единица.
Во соопштението на НДП се наведува дека овој став го зазело Централното собрание со забелешка дека последните избори немале легитимитет за оваа партија.
Привремениот совет кој раководи со НДП и избраниот кандидат за пратеник Руфи Османи, во рок од три дена, одлуката за оставка со сите кандидати ќе ја поднесе до седиштето на ДИК, се наведува во соопштението.
Деновиве лидерот на НДП, Руфи Османи, со потпретседателот и секретарот на партијата поднесоа оставки на нивните функции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



