
Исчезнат е 68-годишен скопјанец со име Димче. Последен пат е виден во петокот наутро, на 2 мај, во населбата Мичурин, општина Аеродром.
Забележано е дека носел светли, бели или беж боја панталони. Висок е околу 175 см, со подгрбавена става, тежок е околу 80 кг, има темнокафени очи и е проќелав со побелена коса.
Лицето е под терапија, која ја нема примено од петокот наутро. Исто така, излезен е од домот без документи. Семејството моли секој што има каква било информација да се јави на 077 642 780 или да се обрати до најблиската полициска станица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


