Кризата на средните години се чини многу ја погоди Хајди Клум, па членката на жирито „Америка има талент“ во последно време често се забавува, позира во топлес и на сите им покажува колку е вљубена во своето момче, кое е помладо 13 години, пишува „Радар онлајн“.
– Нејзиното опијанување и непристојно однесување ја доведоа до тоа сега и речиси да нема пријатели. Поминува низ кризата на средните години поради што речиси е невозможно да се комуницира со неа. Хајди поголемиот дел од минатата година го помина забавувајќи се. Би требало малку да застане и да се соочи со тоа што ја загрижува – откри изворот.
Причината за нејзиното однесување, наводно, е раскинувањето со 18-месечната врска со нејзиниот поранешен телохранител Мартин Кристен. Но, славната убавица не губеше време и набрзо се најде во прегратките на Вито Шнабел (27), кој беше во врска со славната актерка Деми Мур.
Изворот наведува дека поради сето тоа Хајди не поминува многу време со своите четири деца.
– Откако се појави Вито, децата времето го поминуваат со дадилката – отрки изворот. Освен тоа, Хајди многу ја погодило тоа што повеќе не е толку многу популарна како што била.
– Почна да го губи почитувањето и одушевувањето што го имаше како госпоѓа Сил – откри изворот за „Радар онлајн“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


