| четврток, 6 декември 2018 |

Во тешката сообраќајќа кај Битола загинаа пет лица

сообраќајка

Во тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 21.30 часот, на регионалниот патен правец Битола – Прилеп, во непосредна близина на населеното место Лознани, животот го загубија пет лица, а двајца се тешкоповредени и се префрлени на лекување во Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола.

Утрово од СВР Битола информираа дека во сообраќајката учествувале две патнички возила, од Крушево и од Скопје, а веднаш по несреќата интервенирале екипи на итната медицинска помош, истражен судија, и други стручни лица за утврдување за причините за несреќата.

Повеќе детали за несреќата се најавуваат за во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top