| четврток, 6 декември 2018 |

Престануваат врнежите, ќе дува засилен ветер

veter

Понеделник почнува со претежно облачно и ветровито време. Во утринските часови локално сѐ уште ќе има услови за повремен слаб дожд. Во западните делови од земјава и попладне ќе има можност за краткотрајно врнење.

Сепак, метеоролошки, за понеделник ќе ставиме акцент на ветерот кој во текот на денот ќе дува од северозапад. Истиот ќе биде умерен, а повремено и засилен, особено долж течението на Вардар, во Пелагонија, како и во поголем дел од источното подрачје. Денот ќе биде постуден во однос на претходниот.

Според метеопро.мк, заладувањето ќе биде поосетно во северната половина од земјата каде што максималната температура ќе достигне вредност околу 14 Целзиусови степени. Максимална, околу 18 степени се очекува во југоисточниот дел од Македонија и околу 13 степени во југозападниот регион. Сепак, поради ветровитото време, температурата ќе ја чувствуваме нешто пониска од фактичката температура на воздухот.

Во Скопската Котлина ќе преовладува претежно облачно и ветровито време. Дневниот максимум на температурата ќе достигне до 14 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top