| четврток, 6 декември 2018 |

Пациент уби доктор во Србија

убиствоХирургот Слободан Лукиќ (65) починал утрово во болницата во Краљево, откако во него пукал негов 84 годишен поранешен пациент. Информациите од српоските медиуми велат дека напаѓачот во докторот испукал седум куршуми, а потоа се обидел да се самоубие. Докторотпочинал иако докторите се обиделе да го спасат, додека убиецот се наоѓа во стаболна состојба. Националната телевизија на Србија пренесува дека напаѓачот се лечел од карцином, а пукал бидејќи не бил задоволен од третманот на докторот. Хирургот Лукиќ бил познат доктор, началник на општата хирургија во Краљево, но и претседател на ватерполо клубот од Краљево.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top