| четврток, 6 декември 2018 |

Руската Дума бара Киев да одговара за воени злосторства

украинаРуска државна Дума (Долниот дом на рускиот Парламент) соопшти дека властите во Киев прават воени злосторства и дека треба да одговараат пред воен суд.

-Мислам дека е тоа организирана криминална група која така и се однесува од самиот почеток и прави  воени злосторства, рече претседателката на Комитетот за безбедност на Думата, Ирина Јарова, пренесува ИТАТ-ТАСС.

Таа смета дека каква било поддршка за самопрогласените власти во Киев, кои го наредиле истребувањето на сопствениот народ, значи согласување со масовното убивање луѓе.

Заменик претседателот на Думата, Сергеј Неверов, е уверен дека нема оправдување за тоа што се случи во Славјанск, Краматорск и во Одеса, пренесува ИТАР-ТАСС. Тој додаде дека е ужасно тоа што граѓанската војна во Украина ја поддржува Западот кој многу брзо заборави на човековите права и демократските вредности за кои ЕУ и САД, како што тврдат, се залагаат. Во судирите на улиците на Одеса досега погинаа 46 лица, а повеќе од 200 побарале лекарска помош, потсетува ИТАР-ТАСС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top