| четврток, 6 декември 2018 |

Кинотека на Македонија домаќин на Меѓународната асоцијација на филмски архиви

FIAF_plakat_75Кинотека на Македонија е домаќин на 70. конгрес на Меѓународната асоцијација на филмски архиви што почнува денеска, а ќе трае до 10 мај. Првите два дена, 5 и 6 мај се посветени на стручен симпозиум кој е на тема 100 години од Првата светска војна. Пријавени се 200 делегати од целиот свет, од 80 филмски архиви. Ќе има 21 излагање во осум сесии.

Во рамки на конгресот, секој ден, од 18:30 часот се до полноќ во киното „Милениум“ ќе се прикажуваат филмски проекции. Од Кинотека на Македонија информираат дека ќе бидат прикажани исклучително вредни, ретки, значајни тонски остварувања од целиот свет. Филмовите се поврзани со Првата светска војна, а ќе бидат прикажани и филмови снимени пред 90 години.

Во истиот период ќе бидат прикажани и дел од филмските остварувања на Глигор Паковски, добитник на наградата „Златен објектив“ за 2014 година, која Кинотеката на Македонија ја доделува за исклучителен придонес во македонската кинематографија.

Вечер, по повод конгресот, во Музејот на македонската борба ќе се одржи свечен коктел на кој  присутните ќе ги поздрави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top