| четврток, 6 декември 2018 |

„Урбан инвест“ му отвора корупциска афера на Стевчо Јакимовски

Компанијата Урбан Инвест поднесе кривична пријава против градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски во која го товари за корупција.

Кавадаречката фирма за истиот случај поднесе пријава до антикорупциската комисија и против Општина Карпош. „Урбан инвест“ се жали на коруптивно однесување на градоначалникот и на општината при доделувањето на договорот за јавна набавка на работи за реконструкција на платото Млечен ресторан.

– Во текот на реализацијата на договорот за јавна набавка од страна на избраната фирма ние увидовме дека има неправилности, односно плочките кои изведувачот ги набавил и вградил не се согласно бараните карактеристики – не се гранитни плочки согласно техничка и финансиска понуда за реконструкција на плато Млечен ресторан, туку дека се работи за терацо плочки, се вели во соопштението на „Урбан инвест“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top